Директорот на ЦЈЗ Струмица: Младите ги заразуваат постарите
Состојбата со коронавирусот на подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје Струмица е сериозна, оцени директорот на овој центар Петре Витанов.
Според него, забележителен е секојдневниот раст на новозаболени, а денеска се регистрирани рекордни 21 лица кои се позитивни.
– Нема друга препорака освен придржување на препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, односно тоа се три работи: заштита на лицето, држење дистанца и придржување кон хигиенските мерки, вели Витанов.
Тој додава дека во последната недела е зголемена старосната структура на новоинфицираните за разлика од претходно, кога поголем дел беа на возраст од 15 до 30 години.
– Сега имаме заболени на возраст од 60, 70 години и сега структурата е промената и се движи од 15 до 70 години. По наши процени, овие млади луѓе, кои на некој начин се инфицираа, сега инфекцијата ја пренесуваат на своите домашни и имаме многу податоци за мали кластери од семеен тип, потенцираше директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.
Инаку, од почетокот на пандемијата во Струмица се регистрирани вкупно 349 инфицирани од коронавирусот, а од нив активни се 168.
Ново на Сител
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите