Македонија
18. January 2025 - 19:54

Последни подготовки за Водици во Штип

Завршуваат последните подготовки за големиот христијански празник Водици. Во Штип светиот крст се фрла на две локации, во штипско Ново Село и од камениот мост на реката Брегалница во населбата 8-ми Ноември. Од Брегалничката епархија информираат дека се пријавиле над 70 учесници, 50 за централната свеченост и 20-тина скокачи кај мостот во Ново Село. Сите тие ќе поминат задолжителен лекарски преглед.

-Имајќи ги во предвид временските услови и ниските температури на водата, повикуваме на исклучителна внимателност, претпазливост и сериозност. Треба да се потенцира дека никако не треба пред време да се влегува во вода, лицата кои ќе влегуваат во вода задолжително да носат обувки и никако да не се задржуваат повеќе од 3 минути. При излегување  да облечат суваи топла облека, за да се избегне опасноста од смрзнатини и хипотермија на телото, изјави Тоше Бојчевски, раководител на итна помош- Штип.

Пред скокање по крстот никако не смее да се конзумира алкохол, зашто може да се предизвика спротивен ефект, додава Бојчевски.