Македонија
18. January 2025 - 16:43

Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон

Мицкоски заминува на инагурацијата на Трамп во Вашингтон. Премиерот за понеделничката свечност за новиот претседател на САД ќе биде придужуван од шефот на дипломатијата Муцунски, вицепремиерот Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Трајков.

„Очекувањата се дека за време на престојот премиерот Мицкоски ќе оддржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател. Исто така премиерот Мицкоски ќе има средба и со бизнисмени со македонско потекло каде ќе стане збор за економска соработка и можни домашни инвестиции“, информираат од Владата за посетатата.

Поранешниот амабсадор Марјан Ѓорчев, веќе анализираше дека ваквите настани се добра прилика за формални средби,но за неформална дипломатија за лобирање за македонските интереси или странските инвестиции.

Делегацијата ќе се присиствува и на свеченоста „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“, каде се планирани средби со првите соработници на Трамп во тимовите за транзиција и разузнавање Лутник и Нунес, но и со Крис Павловски.

Но, освен владината делагација, во Вашинготн на церемнијата за инаугурација ќе присуствуваат и Таравари, Касами и Зекирија Ибрахими, како лидери на Влен, но и собранискиот спикер Гаши кој доаѓа од оваа коалиција.

„Соединетите Американски Држави дадоа изклучителен придонес во борбата против корупцијата и дискриминацијата, зајакнувањето на владеењето на правото, продолжувањето на надградбата на достигнувањата како член на НАТО, зајакнувањето на економијата и промовирањето на слободата на медиумите. И што е најважно, да се изградат поголеми демократски институции во целосно, инклузивно, мултиетничко општество“, пишува во соопштението од Вреди.

Присуството на државници на инугурацијата на Трамп предизвика дебати и дома и во странските медиуми за тоа кој се е на списокот на поканети или непоканети на свеченоста.  Временската прогноза – дека во понеделник ќе биде најстудениот ден во американската престолнина, пак, може да го смени местото на одржување на церемонијата.

Ротондата под куполата на Капитол се подготвува како алтернатива за секоја инаугурација во случај на лошо време.Гостите ќе можат да ја следат церемонијата во Капитол. Церемонијата на полагање заклетва последен пат беше преместена внатре во 1985 година, кога претседателот Роналд Реган го започна својот втор мандат.