Македонија
19. January 2025 - 12:26

Теодор Јовески го извади осветениот крст од водите на Вардар во Скопје

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.

Теодор Јовески беше најбрз и најсреќен верник кој прв успеа да стигне до Светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар.

На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија.