Пенс: Стратегијата за изолација на Пјонгјанг даде резултати
Стратегијата на администрацијата на Доналд Трамп за изолација на Северна Кореја преку економски санкции функционира. Доказ за тоа е севернокорејската покана за преговори, изјави денеска американскиот потпретседател Мајк Пенс.
Неговата изјава уследи откако беше најавена историска средба на Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
- Предлогот за средба беше испратен откако САД не направија никакви отстапки и постојано го засилуваа притисокот врз Ким. Максималниот притисок ќе продолжи се додека Северна Кореја не преземе конкретни, постојани и проверени чекори за прекин на нуклеарната програма, посочи Пенс.
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс претходно изјави дека Трамп ја прифатил поканата за средба со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг–ун, а местото и датумот ќе бидат дополнително договорени.
- Претседателот Трамп високо ги оцени убавите зборови на јужнокорејската делегација и претседателот (на Јужна Кореја) Мун. Тој ќе ја прифати поканата за средба со Ким Џонг-ун на место и време кои дополнително ќе бидат одредени. Очекуваме денуклеаризација на Северна Кореја. Во меѓувреме, сите санкции и максимален притисок треба да останат, изјави Сандерс.
- Ким Џонг-ун зборувал за денуклеаризација со јужнокорејските претставници, не само за замрзнување на своите програми за нуклеарно оружје. Исто така, без ракетни проби на Северна Кореја во овој временски период. Постигнат е голем напредок, на санкциите ќе останат додека не се постигне договор. Средбата се планира, напиша Трамп на Твитер.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека драматичнaта и изненадувачка промена на ставот на Ким предизвикала американскиот претседател да се согласи на состанок со северокорејскиот лидер.
Тилерсон посочи дека САД се изненадени колку Ким бил за напредок во разговорите со јужнокорејската делегација.
Јужнокорејќи официјални лица во Вашингтон кои објавија дека двајцата лидери може да имаат средба веќе во мај усмено ја пренеле пораката на Ким до Трамп и нагласиле дека севернокорејскиот лидер е „посветен за денуклерализација“.
Пјонгјанг се уште нема издадено никакво официјално соопштение за актуелниот развој на случувањата. Трамп на Твитер напиша дека ќе има средба со Ким до мај.
Претседателот на Јужна Кореја Мун Џaе-ин изрази уверување дека средбата на високо ниво меѓу САД и Северна Кореја ќе претствува почеток на ослободувањето на Корејскиот полуостров од нуклеарно оружје. Според портпарол на претседателството во Сеул, Мун им се заблагодарил на Трамп и лидерот на Северна Кореја за нивната „тешка одлука“ да се сретнат.
Премиерот на Јапонија, пак, Шиндзо Абе веднаш по објавата за средбата телефонски разговарал со Трамп, при што било потврдено дека меѓународната заедница треба да продолжи да врши максимален притисок врз Северна Кореја.
- Ја поздравуваме промената во ставот на Северна Кореја, истакна јапонскиот премиер по повод сигналите дека Пјонгјанг е подготвен да разговара за условите под кои би се откажал од своето нуклеарно оружје.
Официјален Пекинг денеска соопшти дека ги поздравува сигналите од Вашингтон и Пјонгјанг за средба на двајцата лидери Доналд Трамп и Ким Џонг Ун. Ставот на Кина го изнесе потпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг на прес-конференција.
И министерот за надворешни работи за Русија, Сергеј Лавров ја поздрави веста за планиран состанок на американскиот претседател и северокорејскиот лидер Лавров, кој се наоѓа во посета на Адис Абеба истакна дека тоа е „чекор во вистинска насока“. Тој изрази очекување дека договорот ќе се примени бидејќи според него „тоа е неопходно за нормализација на ситуацијата на Корејскиот Полуостров.
Ниту еден американски претседател никогаш немал средба со лидер на Северна Кореја. САД и Северна Кореја немаат дури ни формални дипломатски односи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното