Македонија
22. December 2024 - 19:58

75 години Танец

Националниот ансамбл за народни игри и песни Танец, вечерва во Скопје го одржува завршниот јубилеен концерт под наслов ,,75 години македонски код".

Концертот во Националната опера и балет е спектакуларно патување низ богатата фолклорна традиција на Македонија.

Танец е основан во 1949 година. По 75 години и понатаму останува еден од најголемите симболи на македонската култура и традиција, кој ги поставува темелите на македонската државност.