Македонија
22. December 2024 - 16:46

“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново

Снимките од дрон покажуваат што откопа полицијата од скопско Арачиново. Со багери, детектори за метал, под земја, но и во шупи, во дворови на куќи и празни плацови се бараше што има скриено криминалната група Беланоца.

Куп експлозиви, 14 гранати, 200 грама ТНТ, автоматско оружје криеле под земја и во напуштени објекти членовите на Беланоца во Арачиново. Копајќи со багери веќе неколку дена во атарот на оваа скопска општина, експлозивите беа пронајдени од полицијата и армијата.

Арсенал доволен да се опреми чета и екплозив кој може да уништи објект голем колку Владата, кажа премиерот Мицкоски за акцијата на МВР за разбивањето на Беланоца, која вели била недопирлива за претходната власт.

Акцијата на МВР и Обвинителството за оваа група која е одговорна за најмалку осум убиства, започна пред една недела. Четворица се уапсени и веќе се во притвор, а пронајдени се околу милион евра, злато, автоматско оружје, експлозиви. Центар на претресите беше Арачиново.

Дел од оваа група се веќе во затвор, а шестмина во бегство. За двајца од Беланоца е распишана меѓународна потерница.