Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
Граѓаните очекуваа поевтинување, а добија повисоки цени за голем дел од прехранбените производи. Новогодишната кошница нема ефект, велат од СДСМ. Во обиколка на маркетите забележале дека не само што некои цени останале непроменети, туку и дополнително се зголемиле.
Цената на зејтинот сега е 97 денари, а на 1 октомври се продаваше за 83 денари. Значи имаме зголемување а не намалување. Јајцата кои се продаваа од 75 до 85 денари сега се над 100 денари. Од 107 до 140 денари. Исто така покачување на цените. Кај мешаното сирење нема промени и цените се движи околу 450 денари – непроменето. Кашкавалот е поскапен и сега е над 600 денари за килограм, изјави Лолита Ристова, СДСМ.
Министерот за економија пак, го тврди спротивното. Есенската кошница, во која биле опфатени 73 групи производи, им заштедила на домаќинствата по 1.300 денари. Сега, во новогодишната, опфатени се повеќе производи, па Дурмиши очекува и поголеми заштеди.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар