Објавен е ажурираниот список на граѓани кои ќе добијат финансиска помош од Владата
Денеска е објавен ажурираниот список според кој граѓаните можат да проверат дали се наоѓаат на листата за добивање на финансиска помош од Владата во висина од 6000 денари, што следи согласно четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид 19.
Граѓаните можат да проверат на страницата kupuvamdomasno.gov.mk а потребно е само да се внесе матичниот број.
Имено, на страницата се посочува дека дополнително ќе бидат објавени листите за филмските работници, естрадни уметници и самохраните родители.
Финансиската поддршка е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а од владата посочуваат дека помошта на загрозените категории граѓани нема да оди преку платежни картички туку директно на нивните трансакциски сметки и нема да биде временски ограничена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното