Малечката Јана (5) може да го собори алибито на таткото ако се сети на деталите од кобниот ден
Девојчето Јана Марјановиќ (5), ќерка на убиената Јелена Марјановиќ би можела во продолжение на истрагата да го собори алибито на својот татко ако одново одговара на прашањата на специјалниот тим стручњаци во врска со убиството на нејзината мајка.
Сопругот на свирепо ликвидираната пејачка на сослушувањето во полиција наведе дека токму неговата ќерка е последното лице со кое бил кога исчезнала Јелена. И самото девојче му рече на педагогот дека се случило нешто страшно.
-Со неа веќе е разговарано и со оглед дека се работи за дете, мораше да се води сметка да не се повреди или исплаши. Доколку истрагата побара, можно е повторно педагог и психолог да разговара со неа за тоа што правела мајка и кога последен пат ја видела. Секако дека изјавата на детето ни тогаш, ниту пак сега може да биде главен доказ, но може да помогне, тоа е неспорно, вели соговорник.
Доколку дојде до повторна средба на малечката Јана со психолог или педагог, треба внимателно да се разговара со неа со познатите психолошки методи како индукција.
-Јана не треба да ја прашуваат што видела, туку дали видела кавга межу таткото и мајката во автомобилот, дали таткото возел брзо, дали таткото и помогнал на мајката да влезе во куќата, дали некој му помогнал на таткото, и дали мајка и спела кога дошле дома...Целта на овие прашања е да се дознае дали Јелена од насипот си дошла дома, што го руши алибито на Зоран за се друго, вели изворот кој објаснува дека дете од 5 години е многу мало да опише некои работи што видело или што се случиле, а со неа може да разговара само некој во кој таа има доверба.
Според зборовите на изворот, најпогодна за разговор со неа би била жена на возраст од 30 до 40 години како нејзината мајка во која девојчето ќе има доверба.
Јелена Марјановиќ исчезна на 2 април во текот на џогирање, во борчанската населба Црвенка. Утредента нејзиното тело е пронајдено унаказено. Обдукцијата покажа дека е убиена со повеќе од 30 удари со тап предмет во глава.
Ново на Сител
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава