-->
-->
Европратениците Валсман и Ќучук во посета на македонското Собрание
-->
Европратениците, олеснувачи на Процесот на Дијалогот Жан Моне, Марион Валсман и Илхан Ќучук денеска ќе имаат средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.
На средбата, како што е објавено на веб страната на Собранието, ќе присуствува и амбасадорот на ЕУ Делегацијата, Дејвид Гир.
Европратениците Валсман и Ќучук ќе одржат и кратка подготвителна сесија со Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне.
Во рамките на посетата, европратениците ќе имаат поединечни средби и со потпретседателите на Собранието Горан Мисовски и Хусни Исмаили и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, како и со координаторите и претставниците на политичките партии застапени во Собранието.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава