Во Дебар еден новозаразен, активни на Ковид-19 се единаесет лица
Официјaлни податоци потврдуваат дека во Дебар во последното деноноќие регистриран е нов случај со Ковид-19, со што активни на болеста сега се 11 лица.
Со новопотврдениот случај вкупната бројка на заразени се зголеми на 62 лица, од нив две од Центар Жупа, кои беа и прводијагностицирани. Од нив 47 се излекувани, додека четворица починаа.
По повторното враќање на коронавирусот во Дебар, по цели педесет дена, кога беше дијагностициран кај жена од селото Долно Косоврасти, а два дена потоа и кај маж од Дебар, на 12 јуни беа регистрирани три а на 17 јуни пет нови случаи.
Според полициската статистика во самоизолација моментно се педесеттина лица и врз сите нив редовно се вршат контроли. Зајакната Полициска контрола има и низ градот.
Како што оцени градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, враќањето на опасниот вирус е последица на олеснителните мерки и непочитувањето на препораките за заштита од страна на граѓаните.
-Апелираме до граѓаните состојбата сериозно да се разбере, дека Ковид-19 во нашиот град е присутен. Според оценката на стручните лица се очекува да има нов понагласен бран со нови случаи на инифицирани со Ковид-19. Состојбата е под контрола, но внимателноста и почитувањето на препораките се неминовност за да се заштитме себе си и другите, порача Дука.
Имено, во рамки на договорените мерки и активности на Оперативен штаб за подигање на свеста од опасноста на коронавирусот и подоследно почитување на препораките за спречување на неговото ширење, на деловни објекти и други институции низ градот поставен е пропаганден материјал.
Ново на Сител
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот