Македонија
26. February 2025 - 16:41

Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката

Што се случувало завчера во амбулантите на урологија ќе утврдува дисциплинска комисија. По објавата на видео на кое се слуша викање од страна на лекар, директорот на Клиниката вели дека чека писмени изјави од сите присутни за да донесе одлука што да превземе. На видеото се слуша женски глас кој обвинува дека докторот не сакал да прими пациент во инвалидска количка со карцином во четврти стадиум, урологот пак пред колегите тврдел дека бил нападнат затоа така реагирал. Сведоци на настанот биле и двајца специјализанти и медицинска сестра.

- Ќе одлучува дисциплиснка комисија, меѓутоа јасд му кажав на колегата/ докторот дека таков начин на изразување не личи за нашата Клиника. Ги чекаме изјавите од сите страни. Не можам да судам претходно. Сега докторот кажа дека бил нападнат од пациент, кога ќе ги видиме сите изјави ќе донесеме одлука, изјави д-р Башким Шабани, директор на Клиниката за урологија.

Тешко болниот пациент во текот на истиот ден кога се случила и непријатната сцена бил примен и прегледан на Урологија, тврди директорот.