Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
Владата го усвои предлогот за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски. Постапката за смена на Коцевски продолжува пред Советот на јавни обвинители кои во рок 15 дена треба да дадат мислење. Последниот збор дали ќе биде разрешен го имаат пратениците за што е потребна согласнот од 61 пратеник.
Премиерот Мицкоски очекува дека Советот на ЈО ќе го слушне гласот граѓаните при носење на одлуката.
Според неофицијални информации Владата бара Коцевски да биде разрешен бидејќи направил крупни професионални греши при раководењето со ОЈО кои довеле до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО. Дополнително неовластено изнесувал информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со закон.
Сосема е очекувана смената на државниот обвинител за кого според експертите постојат сериозни и оправдани критики. За моменталната состојба во ОЈО и отворениот судир меѓу обвинителите мора да има одговорност смета професорот Гордан Калајџиев.
Професорот Калајџиев вели Владата е исправена пред сериозен предизвик со предлогот на нов државен јавен обвинител.
За СДСМ целата постапка за разрешување на Коцевски е пример за партизација. Од ВМРО ДПМНЕ за состојбите во правосдуството ги обвинија СДСМ и ДУИ.
Државниот обвинител Коцевски вомеѓувреме изјави доколку се потврди дека сторил дисциплинска повреда сам ќе ја напуштел функцијата и тврди дека во своето работење изминатава година не сторил никаква грешка.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар