Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
Сончогледот повторно се враќа во Овчеполието. Причина се зголемените субвенции и примената на софистицирани агротехнички мерки. Земјоделците веќе ги подготвуваат површините за годинашнатa сеидба.
- За сончогледот е важно уште во почетокот на март да се насее, за да го развие кореновиот систем на поголема длабочина, во почетните фази од развојот. Понатаму и да настапат пролетни суши, да не страда за вода. Значи да обезбеди моќност на растението, изјави Љупчо Михајлов, Земјоделски факултет- УГД-Штип
Во Овче Поле, според професорот Михајлов, постои потенцијал за одгледување и на други маслодајни култури и додаде дека колку и да се зголемат површините под сончоглед, тешко е да се задоволат потребите за производство на сурово масло или готов производ масло за јадење
- Гледаме на рафтовите во супер маркетите има масло за јадење од различни држави, пред се увоз на масло за јадење од Србија. Но, добро е тоа што се најде слух од страна на државата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои водат добри земјоделски политики за да се зголеми и се повеќе се зголемува субвенцинирањето, изјави Михајлов.
Субвенционирањето за сончогледот се поврзува со добиениот принос, а не според насеана површина по хектар.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар