Во Битола фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“
Во Битола се одржува 23. издание на меѓународниот Фестивал на аматерскиот документарен филм (ФАДФ) – „Камера 300“.
Годинава на ФАДФ „Камера 300“ учествуваат 51 автор од 11 држави во Европа, посочи Стефан Хаџиандоновски, претседател на Советот на фестивалот и на кино клубот „Студио Милтон Манаки“-Битола, организатор и домаќин на овој традиционален културен настан.
- Жирирањето на пристигнатите филмови почна синоќа и ќе се одвива во наредните два денови, а во петок навечер ќе ги доделиме фестивалските награди и признанија. Годинава ФАДФ посебно ја слави 110 годишнината од снимањето на филмот„Предачки“ на браќата Јанаки и Милтон Манаки со нивната позната камера „Биоскоп 300“, нагласи Хаџиандоновски.
Фестивалското жири го предводи Стефан Сидовски, мајстор на аматерскиот филм, а како и во изминатите години, на најдобите автори ќе им бидат доделени награда плакета на УНИКА, награда за најдобра репортажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ и највисокото ФАДФ признание – гран при плакета „Милтон Манаки“. мт/цр/09:12
Ново на Сител
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна
-
Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
-
Србија не се смирува, протестите продолжуваат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот