Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија. До овој момент откупени се околу 23, 5 милиони килограми, а до крајот на откупниот рок 28 февруари оваа бројка може да стигне близу 24 милиони килограми, а првичните приценки на Сојузот на тутунари беа дека реколтата нема да тежи повеќе од 17 или 17,5 милиони.
Според Сојузот оваа количина се појавила бидејќи се откупувал премногу влажен тутун, неодбивање на кало, односно откуп на тутун со песок и земја во картоните. А за висок род придонесла и продолжената вегетација при самата берба на тутун.
„Таа бројка е добиена од откуп на влажен тутун, неодбивање на калото на самите картони, и сето тоа си ја донесе таа бројка на тутун.
Доколку се откупуваше сув тутун и одбитоци како во минатото?
„Ако беше таа немаше да има повеќе од 20 милиони килограми кај нас тутун“, вели Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.
Тутунарите велат дека овој начин на откуп, се да оди во прва класа, без никакви критериуми, можеби годинава им допесол повеќе бенефит на тутунарите, но од друга страна е нефер квалитетот да биде исто платен со отпадокот и на долг рок нема да опстои.
„Точно така, се сложувам дека ова воопшто не е фер. Но овој начин на отклуп го наметнаа самите откупувачи. Ние сме да се смени тој начин на проценка на тутун, за да нема ваква анархија на купување на тутун, да се воведат класи, да се зголемат цените и да биде реална проценката како за тутунарите, така и за откупувачите“, додаде Ристески.
Во четврток ќе има состанот помеѓу откупувачите, министерството и тутунарите, на кој ќе се разгледуваат сите овие отворени прашања, како и налинот на откуп и цените за идната реколта.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар