Македонија
29. January 2025 - 12:20

Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови

Онколошкото одделение при штипската Клиничка болница има недостаток од кадар и просторни услови. Ова преставува проблем зашто бројката на онколошки пациенти постојано се зголемува, не само во Штип, туку и во целиот Источен регион, од каде гравитираат пациентите. 

- Бројот на онколошјките пациенти постојано се зголемува, така што неминовно е решавање на овој проблем, да се згрижат пациентите од Источниот дел на Маледонија. Ние имаме потреба пред сѐ од кадар, бидејќи на онколошкото одделение функционира само еден онколог со една сестра, а потребни ни се и соодветни просторни услови, каде сето тоа би се реалиизрало, изјави д-р Марија Караколевска-Илова, онколог- КБ- Штип

Типовите на карцином кој што може да се лекуваат е согласно персоналот со кој раполага одделение. Штипска онкологија покрива карционм на дојка, на простата, на колон и метастатски карцином на коски.

- Таблетарната терапија не е едноставна и таа вклучува хормонска терапија која се применува конкретно кај нас, кај пациентки со карционом на дојка, било тоа да е после завршен онколошки третман која таа го добива со соодветни цитостатоци на онкологија во Скопје, па просолжува со хормонска терапија во Штип. Меѓутоа, тоа не е краток период. Периодот на земање на хормонска терапија е од 5 до 10 години, што значи имаме следење на состојбата на пациентот, назначување на дополнителни дијагностички процедури, се со цел да се биде во тек со целата состојба на пациентот, додаде д-р Караколевска-Илова.

Терапијата со која располага онколошкото одделение при Клиничка болница Штип е ограничена за ограничен број пациенти, согласно Буџетот кој се издвојува од страна на болницата.