Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
Формирано е националното тело кое од корен ќе го реформира високото образование во државата. 30 членови од сите институции и репрезентативни организации ќе учествуваат во носењето на законски измени и ќе ги прават промените кои се неопходни за поквалитетно образование. Ќе се ревидираат системот на финансирање, работата на универзитетите, студиските програми и поврзување со бизнис заедницата.
Заменик претседателката смета дека е недозволиво толку мала држава да има 40-тина високобразовни установи, а да не продуцираат квалитет и да нема соодветни студиски програми.
Неопходно е да се заострат условите за распределување на наставно научниот кадар.
Министерката најави дека за следната година обезбедиле двојно поголем буџет од годинава дури 680 милиони за научните институции, истражување, дел за проекти, стипендии за втор и трет циклус студии. Сите заклучоци и предлози на координативното тело ќе бидат доставени до Владата која ќе ги преземе како обврска да ги преточи во регулатива.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар