Ужас среде бел ден: Таткото лелекал на терасата додека синот го бодел со нож
Во семејната трагедија во Врњачка бања Иван Грујиќ вчера среде жолчна расправија го нож го избодел својот татко С. Грујиќ (52).
Полицијата го затекнала синот на местото на злосторството и веднаш го уапсила.
Трагедијата се случила вчера околу 13 часот во станбената зграда во улицата Кнез Милош во строгиот центар на Врњачка бања. Неофицијално таткото бил 8 пати избоден по телото.
-Среде жолчната расравија синот го зел кујнскиот нож и го нападнал таткото. На телото на убиениот се изброени осум убоди во пределот на градите. Несреќниот човек облен во крв некако успеал да дојде до тарасата и да довикува помош, по што минувачите повикале полицијата. Патролата во станот го затекнала синот и раскрвавениот татко кој едвај давал знаци на живот, вели соговорник.
Несреќниот човек е пренесен во општата болница во Краљево каде и покрај напорите на лекарите и обидот за реанимација починал.
Полицијата направи увид, а на осомничениот му е одреден полициски притвор до 48 часа, по што ќе биде сослушан од обвинител. Соседите се во шок по сознанието дека младиот Иван го убил својот татко.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното