-->
-->
У_21: Македонија по позитивен резултат во Киев
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година попладнево во Киев ќе одигра натпревар против Украина од групата 3 од квалификациите за Европското првенство 2017 година. Ова за избраниците на селекторот Благоја Милевски е нов предизвик особено што Македонија се наоѓа на третото место на табелата и е со шанси да настапува во баражот.
Нашиот денешен ривал се наоѓа на претпоследното место во групата, а Македонија на првиот дуел на двете селекции постигна победа од 1:0. Атмосферата во таборот на нашата репрезентација е позитивна.
- Треба и на овој натпревар да одиграме максимално како до сега на сите дуели во групата. Да ги извршиме поставените задачи и со самото тоа очекувам позитивен резултат, изјави репрезентативецот Ѓорѓи Зајков.
Натпреварот се игра во Киев, а судија е Рахим Хасанов од Азербејџан. Почетокот на дуелот е во 17 часот.
На чело на табелата во групата 3 е Франција со 14 бодови, Исланд има 12, Македонија е трета со 9, Шкотска 8, Украина 4, а последна е Северна Ирска со 1 бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура