Македонија
6. July 2024 - 16:29

По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам

Да се подобри пристапноста до институциите и објектите

Да се подобри пристапноста до институциите и објектите каде се изведуваат културно-забавни и спортски активности бараат лицата со инвалидитет .Во 21 век смешно е да се зборува за пристапност, за високи рабници, за многу скалила пред институциите или пред објекти ,хотели и плажи  веќе требаше сите лица да имаат можност да ги користат бенефитите и благодетите на општеството.

Потребно е да се работи на развој на инклузивен туризам по теркот на останатите туристички центри .

За жал, лицата со попреченост се соочуваат со бариери и во секојдневниот живот. Според проценките, околу 15 проценти од светската популација живее со одредена попреченост.