Македонија
5. July 2024 - 21:15

Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите

Одговорноста за лошата слика во правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите, смета експертската јавност по владините најави за распуштање на Судскиот совет и советот на јавни обвинители. Поранешната судијка Маргатита Цаца Николовска вели дека и покрај тоа што состојбата е алармантна, распуштањето на овие тела нема да ја поправи генералната оценка. Во реакците на амбасадорите на ваквата најава гледа како на мониторинг на состојбите.

Трошановски од Институтот за демократија смета дека овие состави на Судски и  на советот на јавни обвинители потфрлија во мисијата да гарантираат владеење на правото и да ја санкционираат неправдата, но за него било преседан владата да носи одлуки во судството.

Дел од амбасадорите во земјава гледаат мешање во надлежностите доколку се реализираат владините најави.Премиерот Мицкоски пак ги повика и експертите и амбасадорите доколку имаат решение за ваквата состојба да го достават, а тој бил спремен да разговара за било која идеја која ќе ја врати довербата во правосудството.