-->
-->
Светското клупско првенство од 2021 година со 24 екипи
-->
Герхард Гриндел членот нс Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), објави дека се подготвува нов формат за натпревари на Светското клупско првенство.
Како што пренесуваат германските медиуми, Гриндел кој е претседател на Фудбалската федерација на Германија, на својот „Фејсбук“ профил напишал дека е против предлогот на ФИФА, ова натпреварување да брои 24 екипи, а тоа да старува од 2021 година.
Според Гриндел, ФИФА сериозно ја разгледува можноста Светскиото клупско првенство, во јуни 2021 година да се игра 18 дена, и тоа со вкупно 24 екипи кои би биле поделени во три групи по осум екипи.
Ваквата идеја на ФИБА е не прифатлива за Гриндел, кој смета дека треба да се заштитат и играчите, на кои им е потребен одмор, во и онака згуснатиот календар.
Инаку, сега на Светското клупско првенство кое се одржува секоја година, настапуваат седум екипи, континенталните шампиони, како и првакот на земјата домаќин.
Според информациите, ФИФА во март следната година, ќе го разгледува и одлучува по новиот предлог за натпревраување на ова првенство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава