Пронајдени се заталакните скопјани на Бистра
Двесет и четиричасовната голгота на двајцата скопјани кои заталкаа на планината Бистра утрово заврши со среќен епилог. Заскитаните, утрово ги пронашла полициска патрола која трагала по нив.
Двете лица еден на 35 годишна возраст и другиот на 29 години кои вчера попладне се изгубија на падините на Бистра веќе се на безбедно и закрепнуваат. Истоштени без опрема и оскудно облечени, ноќта ја поминале под отворено небо. Според СВР Тетово, утринава околу 8 часот, патрола на полициското одделение Ростуше ги забележала во близина на месноста Сенечки ливади под врвот Меденица по што биле преземени со возило.
Драмата на двајцата скопјани започна вчера попладне кога по телефон побарале помош. Тие најверојатно загубиле ориентација и заталкале по падините на планината Бистра и не можеле да го најдат патот за враќање. По безупешните обиди да се лоцираат синоќа, потрагата продолжила утрово, по што двајцата авантуристи се пронајдени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Зоран Крстевски, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Мицкоски: Пред 33 години битката беше да се исправиме на нозе, денес за големи чекори
-
Честитки од политичките партии по повод независноста
-
По три години од пожарот во тетовската модуларна болница, одговорност се уште нема
-
За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца
-
Минчев: Балансерот се уште на сила, ќе се разговара за укинување
-
Аерозагадувањето треба да се следи и во лето
-
ЈП „Исар“ – Штип во првите 6 месеци од годината со загуба од 4,8 милиони денари