Македонија
8. September 2024 - 19:30

Пожарот во Националниот парк Дрина се шири и се приближува до куќи

Пожарот кој веќе шести ден гори во националниот парк „Дрина“ кај Сребреница во Република Српска се доближи до куќите во селото Лука, а пожарникарите се обидуваат да спречат пожарот да се прошири до најблиското село.

Во текот на денот во гаснењето на пожарот учествуваа хеликоптери од Здружението на хеликоптери на Република Српска и вооружените сили на Босна и Херцеговина, а најавено е и пристигнување на хеликоптер од Србија, јави РТРС.

Како што соопштија од општина Сребреница, и покрај тоа што Здружението на хеликоптери и Цивилната заштита на РС реагирале навреме на првиот ден од пожарот, некои области биле недостапни за хеликоптери, па огнот повторно се проширил во текот на ноќта.