Македонија
8. September 2024 - 16:31

Честитки од политичките партии по повод независноста

Среќен ден на независноста! И вашата, како и нашата независнот беше здобиена со безброј жртви – вака амбасадорката на САД, Анџела  Агелер, ја честиташе независноста на државата. САД  остануваат цврсти поддрржувачи  на Северна Македонија  и ја поздравуваат заложбата во борбата против корупцијата, владеењето на прваото и транспаретноста на државните институции, се наведува во видео пораката од американската амбасада во земјава.

Како и нашата независност, вашата беше тешко здобиена со безброј жртви направени од оние кои верувале во моќта на слободата и демократијата, Денеска и секогаш ја почитуваме вашата историја, вашата сегашност и вашата светла иднина, вели Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Македонија.

Денешниот 8 Септември и 33 години независност на нашата Македонија нѐ потсетуваат на силата, единството и храброста што ја имавме кога го избравме патот на суверенитет и самостојност, стои во честитката претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Патот не беше лесен, беше исполнет со многу предизвици, но и со многу достигнувања. Денес се наоѓаме пред многу искушенија, кои бараат од нас да покажеме уште поголема зрелост, сплотеност и одлучност.

Време е нашата сила и способноста на нашите граѓани да ја искористиме за да ја надминеме секоја препрека што стои на патот кон подобро утре. . Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок. напиша лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Во изминативе 33 години доживуваме моменти на славење, но и длабоки разочарувања, на светли успеи и на големи падови. Денес сме горди на нашите претходници кои ја изградија Македонија како независна држава,а сега продложуваме да ја градиме како економски силна и развиена, се наведува во честитката од социјалистичката партија. , Тоа може да го оставриме само со единство, со внатрешно национално единство и сполотеност на кои најгалсно не потсетува и денешниот голем ден, , додаваат од СПМ.

Од коалицијата Вреди во честитката по повод независноста велат дека нашата генерација има историска должност да се справи со еднемичната политичка корупција и да преземе решителни чекори кон реформи кои ќе ги вратат капацитетите  на уништените државни инститиции.

- И по 33 години од независноста и 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за жал, сè уште отвораме прашања за употребата на мајчиниот јазик на Албанците, што во 21 век е цивилизациски дострел и демократска придобивка која не смее да се оспорува. Само преку транспарентност, одговорност и посветеност кон заедничкото добро, ќе можеме да обезбедиме иднина што ќе биде светла за сите наши граѓани, без разлика на етничката припадност, пишува во честитката на Вреди.

.Денот на независнота го честита и лидерот на Знам, Макисим Димитриевски.

Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен живот на сите нас. Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас. Смело да зачекориме по зацртаниот пат на развој и просперитет. Да бидеме лидери во економски развој, да имплементираме квалитетни проекти за подобар живот на граѓаните, со цел обезбедување сигурна иднина за генерациите, кои допрва доаѓаат, напиша Димитриевски.

Честитки испратија и останатите политички лидери