Македонија
8. September 2024 - 16:31

Аерозагадувањето треба да се следи и во лето

Аерозагадувањето е проблем присутен во текот на целата година. Локалните власти ќе мора да го следат  континуирано за да ги идентификуваат изворите на загадување .За поефикасно решавање на проблемот, неопходно е развивање на методологија која ќе овозможи мапирање на сите загадувачи и зголемување на контролата, смета Според професор Сашо Манасов од институтот за биометриски истражувања.

Тој  вели  дека државните референтни станици не се доволни бидејќи тие мерат глобалното загадување и влијанието на пошироката околина, но не и на конкретни микро локации.  

За да се подобри прецизноста на мерењата, потребно е поставување на помали мерни станици на оддалечености од 30 до 60 метри. Со оваа промена, невидливото ќе се направи видливо и ќе се овозможи многу подетална  анализа на загадувањето.

Вакви системи веќе се инсталирани во голем број светски метрополи и покажале одлични резултати.

Воведувањето на хипер локален мониторинг ќе овозможи појасен увид  на реалната состојба на теренот, како и ефектите од мерките што се преземаат за намалување на загадувањето. Таквата анализа ќе биде клучна за подобрување на стратегиите за управување со аерозагадувањето и за зголемување на ефективноста на применетите решенија.