Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово Ростуше
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Х.(38) од село Требиште, Џ.Ќ.(58) од Скопје и М.М.(53) од село Скудриње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против И.С.(56) од Гостивар, сопственик и управител на друштво за архитектонски геодетски и инженерски активности од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во служба“ и „фалсификување исправа“ и против правно лице, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што се наведува во попладневниот билтен на МВР, на 10 јуни 2013 година, пријавените И.Х., Џ.Ќ. и М.М., вработени во Одделението за урбанизам при општина Маврово и Ростуше, во службените простории на Одделението за урбанизам при општина Маврово и Ростуше потпишале решение со кое легализирале бесправно изграден објект кој не ги исполнувал основните елементи и функционална целина, иако го имале на увид записникот за извршен увид составен од страна на комисија на Одделението, во кој било констатирано дека објектот не ги исполнува основните услови за легализација.
-Четвртопријавениот И.С., на 09.01.2013 изработил и пуштил во употреба геодетски елаборат за легализација на бесправно изграден објект за катастарска општина Ниќифорово, во кој навел дека објектот бил деловен простор, по што елаборатот бил употребен во управна постапка како вистински во Одделот за урбанизам при општина Маврово и Ростуше и во Агенција за катастар и недвижности Гостивар за запишување на недвижности кои останале со незапишани права, се посочува во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот