Македонија
23. February 2025 - 14:19

Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво

Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека секаде надвор од земјава, пред што повеќе кредибилни соговорници, мора да се кажува вистината за Македонија и за нејзиниот евроинтеграциски пат. Како што изјави по посетата на Општина Гази Баба, тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и што ќе го преплави светот. Мора да кажеме која е нашата фрустрација и болка, напомена премиерот, да се бориме пред светот со факти и да укажуваме на двојните стандарди, иако една земја во ЕУ се обидува да се враќаме во средновековието, во 11-от или 12 век.

Според Мицкоски, земјава добива поддршка од сите страни за евроинтеграцијата. Мора да почнеме да победуваме во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и секаде каде што досега, за жал, поради неогдоворни политичари, како што рече, не сме имале таква амбиција.

Премиерот најави дека во петок ќе оди на приватен ручек кај турскиот претседател Ердоган во Истанбул за потрвда на стратешкото партнерство меѓу двете земји, а ќе учествува и на претстојната владина конференција во Будимпешта од каде, исто така, ќе испрати пораки. Мора, нагласи Мицксоки, да градиме сојузништво.

-Од сите страни добиваме поддршка, никој не рекол „извинете, не ве поддржуваме да се интегрирате“. Сите ги разбираат нашите аргументи, сите позади завеса застануваат, стегаат рака и велат „тоа е тоа, таа е вистината, доста од двојни стандарди, треба да одите напред“, но, за жал, има една земја во ЕУ, сите ја знаеме, што се обидува наместо да работиме во 21/22 век, да се враќаме назад во средновековието, во 11-от или 12 век. Отприлика, тоа е реланоста. Инаку, буквално сите со симпатија гледаат кон оваа, би рекол, малубројна земја во срцето на Балканот, истакна Мицкоски.

Според него, целта е во што повеќе центри и на што повеќе места да се раскаже „вистинската вистина за Македонија и за се што се случуваше“.

-Добро е да градиме и дома, да победуваме низ градовите, но мора да почнеме да победуваме во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон, секаде каде што досега, за жал, поради неогдоворни политичари не сме имале амбиција да победуваме. Нашата амбиција е таква, да се обидеме преку пркос да ја прикажеме вистината, вистинската вистина што нас Македонците посебно, а и граѓаните во Македонија, не боли зашто тоа е вистината која ја чувствуваме и таа создава фрустравција. Ќе продолжиме да се бориме и понатму и додека ја предводам Владата ќе се трудам да се борам секаде во светот за вистината за Македонија и за подобар живот на македонските граќани, потенцира премиерот.

На прашањето како го коментира тоа што го декларирале како единстевен европски лидер кој аплаудирал на говорот на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и дали земјава оди на линијата на крајна десница, Мицкоски е дециден дека вистината не треба да се цензурира, посебно кога некој посочува примери за двојни стандарди.

-Не би рекол дека Венс е претставник на крајната десница. Ако некој ја кажува вистината и ако вистината содржи вистински примери каде јасно се прикажуваат двојните стандарди, а тој таму ги кажа примерот со претседателските избори во Романија, неколк услучаи во Британија, Шкотска, Германија,...., тоа нас не треба да не оптоварува и ние не треба да се обидуваме сето тоа да го цензурираме. На вистината треба да и погледате во очи и да барате начин да аргуменирате и да се борите ако таа вистина сакате да ја промените. И тука не треба да сме загрижени, напротив, подвлече Мицкоски.

Во Вашингот, информира, на најголемиот настан што го прирерудваат Републиканците, разговарал со десетици луѓе.

-Таа е линијата, тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и што ќе го преплави светот. Тука нема играње. Ние сме тие што први го запоседнуваат теренот. Тоа е мојот начин на работа, нема втора шанса за прв впечаток. Запоседни го теренот па потоа кој и да дојде, втор, трет се реди позади тебе. Мора да го запоседнеме теренот и да се пронајдеме во новото нормално, тоа е мојата кампања. Од друга страна, мора да кажеме и која е нашата фрустрација и болка. Ако некому тоа му смета што го кажа Венс и мене ми пречи што 20 години не можам ни милиметар да се мрднам не зашто не сум добар, туку зашто некој треба да решава прашања од 10 - 11 век. Не треба да бегаме од тоа, треба да си ја кажеме вистината, може не е убава за слушање, но тоа е тоа. Може да пишувате статуси дека вака или онака ќе направите, но тоа не менува ништо, а ако отидете во тие центри и седнете со луѓето, им зборувате очи во очи, се борите и аргументирате, мислам дека тоа е вистинскит начин. Дали ќе се смени нешто не знам, но јас ќе се борам, во петок одам кај претседателот на Турција на приватен ручек во Истанбил за потврда на стратешкто партнерство меѓу Македонија и Турција, во понеделник и вторник сме во Будимпешта на владина конференција и од таму ќе испратиме пораки. Мора да градиме сојузништво, ова е новото нормално, потенцира претседателот на Владата.