Loading Video...
Свет
22. February 2025 - 17:05

Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот

Германија утре оди на избори. Германците ќе треба да изберат 630 пратеници за новиот состав на Бундестагот.

Економските и мигрантските прашања доминираат во германската јавност кои практично беа и причина за предвремените избори. 

Се уште е неизвесно кој би можел да ја формира новата германска влада, бидејќи според најновите предизборни истражувања најголема поддршка се очекуваат да добијат опозициските Демохристијани, но тука е и екстремнодесничарската АФД која ќе остане изолирана од останатите политички партии.Сепак, Актуелниот канцелар Олаф Шолц е убеден дека ќе ја добие поддршката од германскиот народ.

Сепак, ниту една политичка партија, барем како што стојат работите, нема доволно поддршка за самата да формира Влада.

Изборите во Германија не се очекува да донесат драстични промени во политиките на најголемата европска економија, како што тоа се случи во Соединетите Американски Држави. Георгиевски очекува и по нив односите Скопје – Берлин да бидат и повеќе од коректни. Германија дава поддршка на проширувањето на Европската Унија, но потребно е и Скопје да си ја заврши домашната работа, како уставните измени.

Изборите во Германија доаѓаат откако во ноември минатата година коалицијата од две леви и една економско-либерална партија пропадна по неколкумесечните спорови.