Македонија
22. February 2025 - 17:03

Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра

Во мало катче исполнето со светлина од екрани и детски смеа, секој вторник и четврток од 17 до 19 часот, границите меѓу јазиците и националностите исчезнуваат. Во просториите на Црвениот крст, во современо уреден гејминг центар опремен со најнова технологија, дечиња од Украина, но и децата баратели на азил од други земји и нивните врсници од Македонија не се разликуваат – покрај најновите компјутерски игри, тие разговараат, разменуваат и учат нови зборови од нивните јазици, ги споделуваат случувањата од нивното секојдневие, што е многу повеќе од компјутерска игра. 

Гејминг центарот отворен во октомври минатата година во соработка со УНХЦР, стана место каде што играта и дружбата се испреплетуваат. Околу 18 деца од различни возрасти, дел баратели на азил, дел од локалната заедница, редовно ги поминуваат тука своите попладниња. Со нив секогаш се волонтерите на Црвениот крст – подготвени да помогнат, да ја олеснат комуникацијата и понекогаш, кога играта е премногу возбудлива, дури и да им се придружат во виртуелните авантури.

Има околку 18 дечиња, во зависност од тоа кога се на училиште кога може да дојдат. Доаѓаат отприлика по десет дечиња во центарот.

Имаме повеќе едукативни игри како судоку на пример, Rocket league каде ги вежбаат повеќе рефлексите и другите вештини.
Добро е тоа што ние го гледаме, тука кога ќе се здружат заедно, сакаат да зборуваат заедно, да комуницираат повеќе. И тоа е мислам, едно од најдобрите нешта што се случуваат тука-дружбата.

Гејминг центарот отвора нова можност за децата бегалци од Украина и децата баратели на азил да најдат место каде што можат да се дружат, учат и полесно да се интегрираат во Македонија заедно со нивните врсници. Според податоците на МВР, само овој месец азил во земјава побарале 28 лица, од кои 12 се малолетници. Девет од нив пристигнале со своите родители, додека тројца се без придружбА, но од министерството велат, бројките постојано се менуваат.