Премиерот ја пофали бруталната одмазда: Му го отсекла пенисот на мажот што ја силувал со години
24-годишна Индијка му го отсекла половиот орган на еден хиндуистични самопрогласен свет човек кога се обидел да ја силува, а кој според нејзините наводи сексуално ја напаствувал во последните 8 години, соопшти индиската полиција.
Според полицијата од Тирувантапурана, главниот град на индиската држава Керала, девојката побегнала од својот дом по инцидентот кој се случил синоќа и повикала полиција.
Наводниот напаѓач, 54-годишниот Гангешананда Тиртапада, кој тврди дека е духовен исцелител, според извештаите е во стабилна состојба, по реконтруктивната хирургија.
Премиерот на државата Керала Пинараји Виџајан им рече на новинарите дека таа девојка покажала храброст.
-Тоа е храбра и цврста акција на жена, рече тој.
Телевизијата од Њу Делхи пренесе дека семејството на девојката го познава напаѓачот, кој доаѓал во нивната куќа за да го лекува нејзиниот татко.
Таа им рече дека тој ја силувал секогаш кога имал можност. Кога повторно синоќа дошол во нивната куќа и се обидел да ја напаствува, таа го зела ножот и го нападнала, пренесе полицијата. Во Индија расте бројот на сексуалните напади врз жени и покрај строгите закони кои ги воведе владата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам