Loading Video...
Македонија
6. July 2024 - 16:31

Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први

Српскиот министер за култура објави видео во кое промовира дека  родното место на Јустинијан Први се наоѓа во околина на Ниш. Министерот Никола Селаковиќ од местото Царичин Град  вели дека потекнува византискиот Цар и токму во овој локалитет финансирале  милиони за да го испромовираат како туристичка дестинација.

Целата светска историографија но и биографот на Јустинијан историчарот Прокопиј Кесариски потврдуваат дека родното место на Царот е малото село Тауресиум, или денешно скопско село Таор во општина Зелениково. Овие податоци се лесно достапни и за странците на реномираната енциклопедија Британика. Министерот за култура Зоран Љутков за потегот на  неговиот српски колега вели дека е начин на кој сака да привлече туристи. Официјална реакција ќе има но откако ќе оствари средба со него.

Министерот за култура најави посета на археолошкото место, ревизија на средствата за промоција и заштита на културно историското наследство.

Колку оваа приказна која ја промовира Србија  може да оди на штета на нашата државата треба да одговорат и останатите релевантни институции.