Loading Video...
Свет
18. January 2025 - 16:42

Преглед на вестите од светот

На ден пред примијето  помегу Ирзраел и Хамас, јеменските Хути истрелаа ракети  кон Ерусалим. Израелската војска соопшти дека проектилите што биле испратени од Јемен се пресретнати и уништени од противвоздушната одбрана. Хутите почнаа со напади врз израел веднаш по избувнувањето на војната во појасот Газа како знак на солидарност со палестинскиот народ.

Оружјетот во Газа ќе стивне утре наутро, во 08:30 часот по локално време. По 15 месеци брутална војна, палестинците со нетрпение чекаат  договорот за  шестнеделен  прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел  да стапи на сила.

-Се надеваме во името на Бога дека денес е последниот ден од војната. Се надеваме дека нема да има никакви прекршувања на примирјето. Народот е уморен, ние сме уморни од раселување, од болести, од глад, од замор го повикуваме Бога ова да е последниот ден и  да нема нема прекршувања од Хамас  или израелските сили, вели  Махмуд Шеик Абед, раселен од Рафах.

Првата фаза од  договорот  вклучува и ослободување на 33 израелски заложници кои од седми октомври 2023 година Хамас ги држи во заробеништво, во замена за 737 палестински затвореници и притовени.

Зголемување на хуманитарната помош, враќање на раселени палестинци во северна Газа и повлекување на израелските војници од густо населените области во појасот Газа.

Согласно договорот, утре  ќе се случи и првата размена на заложници и затвореници.  Преговорите за втората фаза од договорот ќе почнат до 16-тиот ден од првата фаза и се очекува да опфатат ослободување на сите преостанати заложници, траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските војници.

Третата фаза се очекува да вклучи враќање на телата на убиените заложници и да почне обновата на појасот газа под надзор на Египет, Катар и ОН. Според податоци на изарелските власти една третина од  100те заложници кои ги држи Хамас се мртви.

Хрватскиот вицепремиер и министер за земјоделство, Јосип Дабро, поднесе оставка откако вчера во јавноста излезе видео на кое се гледа како тој возејќи се со автомобил покрај населено место пука со пиштол низ отворен прозорец.

Испукал 15 куршуми.  Дабро на Фејсбук објави дека ја поднесува оставката од морални причини.

-Се извинувам на јавноста за овој чин, кој не ги одразува моите вредности, туку е резултат на момент на непромисленост. Снимката е направена пред неколку години, пред да ја извршувам функцијата член на владата, пишува во неговата објава.

Видеото го објави Јутарњни Лист.  Дабро вели дека не пукал со вистински куршуми, туку со маневарска муниција, а пиштолот бил регистран и го поседувал легално.

Утре во САД треба да стапи на сила законот со кој се забранува Тик Ток поради национална безбедност.

Забраната нема да важи ако кинеската матична компанија „Бајт Денс“ не  ја продаде популарната аликација за кратки видеа на одобрен американски купувач, што компанијата го одбива.

 „Тик-Ток“ предупреди  дека ќе биде принуден да престане со работа во САД утре ако во меѓувреме претседателот  во заминување Бајден не донесе поинаква одлука.

Вчера врховниот суд го потврди законот, кој Бајден го потпиша на 24 април 2024 година. Доналд  Трамп порача дека ќе го спаси Тикток откако ќе се врати на претседателската функција во понеделник. 170 милиони американци го користат Тик Ток.