Loading Video...
Свет
26. January 2025 - 17:04

Преглед на вестите од светот

Српскиот парламент во среда ќе гласа за доверба на српската влада. Информацијата ја потврди претседателката на собранието Ана Брнабиќ која во изјава за локалните медиуми рече дека целта е да и се овозможи на опозицијата да ги изнесе своите ставови. Но опозиицијата најави бојкот. Лидерите на опозициските партии излегоа со став дека генерален штрајк е најдобар одговор против актуелната власт додавајќи дека нема да присуствуваат на седницата. 
Веќе за утре најавени се нови блокади на влезот на Белград кој треба да траат 24 часа. Претседателот Вучиќ рече дека тоа е спротивно на законот и побара од полицијата да обезбеди непречен проток на возила.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот за прекин на огнот но ситуацијата на блискиот исток за условите кои владеат таму и натаму може да се оцени како мирна. Тоа овозможува да тече процесот на размена на заложници. 
Милитантите на Хамас во саботата предадоа четири израелски жени- војници, а за возврат Израелослободи 7 0 Палестинци од затвор како дел од договорот за прекин на огнот што стапи на сила минатата недела.

Во првата фаза од прекинот на огнот, кој ќе трае 42 дена, треба да бидат ослободени 33 заложници од Појасот Газа во замена за 1.900 Палестинци од израелските затвори.

Во Белорусија денеска (26 јануари) се одржуваат претседателски избори, на кои се очекува претседателот Александар Лукашенко неприкосновено да освои седми мандат, продолжувајќи го неговото тридецениско авторитарно владеење

Тоа е прво гласање за претседател откако Лукашенко ги потисна масовните протести против неговото владеење во 2020 година
Опозицијата и Западот рекоа дека Лукашенко ги наместил последните избори, а властите ги разбиле демонстрациите, при пшто повеќе од илјада луѓе сè уште се во затвор.

Сите политички противници на Лукашенко се или во затвор или во егзил заедно со десетици илјади Белоруси кои избегаа од 2020 година.