Loading Video...
Свет
30. January 2025 - 16:47

Преглед на вестите од светот

Белградските студенти тргнаа на протестен марш од Белград до Нови Сад. Целта е заедно со новосадските студенти да ги блокираат сите три градски моста во Нови Сад во сабота, одбележувајќи три месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица кога загинаа 15 лица.

Рутата е долга околу 80 километри, а ќе ја обезбедува полицијата. Во обид да го намали револтот на студентите, српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа помилува 13 студенти и професори од кривично гонење.  Со полмилувањето, сите четири барања кои ги доставија студентиет се исполнети рече Вучиќ и ги повика студентите на разговор. 

Патнички авион се судри во воздух со хеликоптер на армијата на САД во близина на националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон. Леталата завршија во студените води на реката Потомак.досега се извлечени над 30 беживотни тела. во авионот на Американ Ерлајанс имало 60 патници и четворица членови на екипажот а во хеликоптерот тројца војници. Според експерти за авионски несреќи мали се шансите да има преживеани.

- Имаме авион кој е вклучен во експлозија, судир во воздух. имаше експлозија, огнена топка на 350 стапки над водата. така паѓа надолу. Потоа тоне во замрзната ладна вода. Шансите за преживување од тоа се далечни изјави експертот  за авионски несреќи Џефри Томас. 

Страшната несреќа се случила синоќа. авионот се приближувал кон пистата кога во удрил воениот хеликоптерот, познат како црн јастреб кој бил на трениг лет. Истрагата треба да утврди зошто хеликоптерот летал на таа локација и висина во тој момент и зошто не ја послушал контролната кула.

Според претседателот Трамп несреќата можела да се спречи.  Зошто хеликоптерот не ја послушал контролната кула и не се качил нагоре или надолу или не се свртел напиша тој на социјалните мрежи. Авионот полетал од Канзас,, руски и американски уметнички лизгачи биле мегу патниците, а се враќале од натпревар во Канзас.