Преглед на вестите од светот
Почна 24-часовната студентската блокада на автокоманда во Белград
Српските студенти во 10 часот утрово ја почна 24-часовната блокада на автокоманда, една од најважните сообраќајници во Белград. Блокадата е еден од низата протести организирани од студентите кои бараат одговорност за трагедијата во нови сад во која загинаа 15 лица. Тврдат дека јавното обвинителство во нови сад не ги објавило сите докумнети повразани со падот на настрешницата на железничката станица. На студентите им се приклчучија моторџии, земјоделци со трактори и други граѓани.
За претседателот Вучиќ блокадата е незаконска, но и покрај тоа побара од полицијата да го обезбеди собирот и да спречи потенцијални инциденти. Екипи на итната помош исто така се испратени на собирот. Обезбедени се и цистерни за вода и мобили тоалети.
Претседател на Полска: Ние сме „чувари на сеќавањето“за злосторствата во Аушвиц
Ние полјаците сме чувари на сеќавањето на убиените во Аушвиц, порача полскиот претседател по повод 80 годишината од ослободување на логорот кој нацистичка Германија го изгради на нивна територија за време на втората светска војна. Повеќе од 1,1 милион луѓе, главно евреи, беа убиени во Аушвиц.
- Полска се грижи за овие места токму за да не исчезне сеќавањето, за да не избледи, за секогаш да се памети и преку тоа сеќавање светот никогаш повеќе да не дозволи таква драматична човечка катастрофа. Или, поточно кажано, катастрофа на човештвото изајви претседателот на полска.
Претседателот на Полска, заедно со околу 50 прежиевани пред ѕидот на смртта положија венци,запалија свеки и им се поклонија на мртвите со свовите дланки потпрени на ѕидот. На комеморативната церемнија присуствуваа 54 мегународи делегации, а меѓу нив и македонската претседателка гордана сиљановска давкова.
Александар лукашенко останува претседател на Белорусија. Го освои седмиот мандат
Александар Лукашенко останува претседател на белорусија. Седмиот мандат го обезбеди со освоени 86,8 отсто од гласовите на вчера оддржаните избори на кои се соочи со четворица противкандидати. Еу ги критикуваше изборите како нефер и неслободни, нагалсувајки дека противкандидатите на лукашенко се негови жестоки поддржувачи кои на изборите биле обични статисти. Унијата ќе продолжи да воведува рестриктивни мерки против режимот се наведува во соопштението на ЕУ.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар