Поведена постапка против скопјанец за недозволено поседување на оружје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен скопјанец, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Kривичниот законик.
Како што соопштија од ЈО, при извршен петрес во помошните простории на домот во која живее осомничениот, на 2 јули овластени службени лица пронашле една автоматска пушка „Застава М70 АВ2“ со калибар 7,62х39 мм, 23 куршуми муниција со калибар 22LR кои се со оловни проектили и еден куршум со калибар 7,62Х39мм.
Пронајденото оружје е одземено од страна на полициските службеници.
-Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот