-->
-->
Пендаровски со верските лидери: Соживот и почитување на различностите за напредок на државата
-->

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот на Република Македонија на кои им порача дека соживотот и почитувањето на различноста е една од темелните вредности на земјата.
На средбата присуствувале поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко - скопски, Киро Стојанов, Претседателот на Црковното претставништво на Евангелско - методистичката црква, Емил Заев, претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ, како и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Пред поглаварите и претставниците на верските заедници Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ја истакнал неговата заложба да соработува со сите верски заедници во Македонија, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција.
Тој укажал и на важноста на улогата на поглаварите на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитет и напредок на државата.
Поглаварите и претставниците на верските заедници ја поздравиле иницијативата за одржување на денешната средба и посочиле дека и покрај верските разлики, заедничка цел на сите е градење на мир и почитување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот