-->
-->
Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот
-->
Во 2023 година се регистрирани 514 375 хектари обработлива површина. Намалување е забележано кај овоштарниците за 2,5 отсто и лозјата за 4,6 проценти, а зголемување на производството е евидентирано кај оризот за 5,4 отсто и кај пиперот за 4,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.
Значително намалување на производството кај овошјето е забележано кај јаболката за 51,2 отсто, крушите за 41,2, сливите за 46,1 и праските за 50 проценти. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5 отсто, доматите за 23, краставиците за 34.3 и крмната пченка за 31,7 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот