-->
-->
На Александар му се заканува затвор поради коментар на „Фејсбук“
-->
Државен службеник од Индонезија би можел да биде осуден на пет години затвор поради коментарот „Бог не постои“, кој го напишал на социјалната мрежа Фејсбук.
Откако го објавил наведениот коментар, 31-годишниот Александар бил претепан, отпуштен од работа, а со оглед на тоа дека го прекршил законот за богохулство, тој би можел да заврши во затвор и да остане таму пет години.
Медиумите во Џакарта пишуваат дека богохулството во Индонезија во казнениот закон е дефинирано како јавно изразување на мислењето или сторено дело, а се смета за ширење омраза, напад врз религијата и негативно влијание врз нечии религиски верувања, пренесува „Нова Македонија“
Осомничениот Александар откако го објавил коментарот на социјалната мрежа веднаш бил ставен во заштитнички притвор, а сега веќе е официјално приведен.
Како што пишуваат светските медиуми, интересно е тоа што Александар до пред три години го практикувал исламот, но тогаш дошол до заклучок дека бог не постои, бидејќи доколку постоел, не би имало толку омраза и насилство во светот. Токму тоа било причина за да го напише коментарот на Фејсбук и покрај тоа што бил свесен дека оди против законот во државата.
Инаку, Индонезија е земја со најголем број муслимани во светот и во неа се дозволени и други вери, но не и атеизмот, па затоа поради богохулство може да се заврши во затвор и до пет години.
Сепак, муслиманските лидери од Западна Суматра сметаа дека, ако тој не се покае и не се придружи на некои од официјално познатите вери во Индонезија, би требало да биде отпуштен од работа.
Но, како што пишуваат медиумите, групите за човекови права застанале во одбрана на Александар, бидејќи сметаат дека овде се работи за очигледно кршење на основните човекови права и права на изразување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното