Македонски тим на Светски гастрономски натпревар во Истанбул
Македонски готвачи-шефови на кујни од денеска до 14 февруари ќе учествуваат на 14-тиот Светски гастрономски натпревар во Истанбул, каде своето знаење и вештини ќе ги презентираат 2.000 готвачи и шефови на кујни од 25 земји во 70 различни категории екипно и поединечно.
Македонија првпат учествува организирано како национален тим под патронатот на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК Скопје. Организацијата во Истанбул ја предводат претседателот, естраден уметник и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ Адријана Алачки, заменик-претседателот и шеф на кујна во хотел „Александар Палас” Љупчо Гиевски, шефот на кујна во ресторан „Камник” Скопје Никола Мишковски, интернационалниот шеф и интернационален консалтинг Марк Де Јонг, шефот на кујна во „Албис” Гостивар Зоран Андонов, шефот на кујна во „Електра гарден” Тетово Бобан Билбиловски и шефот на кујна во Скара бар - Јетон Таравари Бобан Симоновски.
За најголемата награда Grand Prix Истанбул 2016, во екипно натпреварување македонскиот национален тим го сочинуваат тројца натпреварувачи. Тимот ќе го предводи капитенот Никола Мишковски, заедно со Марк Де Јонг и Зоран Андонов.
Ова е еден од најголемите интернационални натпревари со пропозиции по стандардите на WACS – World Association of Chefs Socities, во организација на WACS и COCFED – Cooks and Chefs Federation of Turkey. За рангирањето и изборот на најдобрите ќе се погрижат 100 интернационални судии.
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп