-->
-->
Луис Суарез во Барселона до 2021 година
-->
Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез го продолжи својот договор со шпанскиот гигант Барселона се до 2021 година.
Како што објави каталонската екипа на својот официјален веб сајт, Суарес и Барселона се договориле да ја продолжат соработката во наредните пет години, односно се до 30 јуни 2021 година.
Со тоа, Барселона ја обезбеди соработката со вториот од тројцата клучни играчи во тимот, откако пред три недели истото го направи и со Нејмар.
Суарез на „Камп Ноу“ дојде од Ливерпул во 2014 година од Ливерпул за сума од 83 милиони евра. Сега неговата вредност е речиси дваипол пати поголема, па во новиот договор на Уругваецот откупна клаузула е 200 милиони евра.
Суарес досега постигна 97 гола во дресот на Барселона со која досега има освоени осум трофеи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот