-->
-->
ЛШ: Загреб направи сензација со елиминацијата на РНЛ
-->
Ракометарите на Загреб направија изненадување откако вечерва во реванш 1/8 финалето го победија бундеслигашот Рајн Некар Ловен со 31:29 и со вкупни 54:53 го елиминираа лидерот во Бундес лигата.
Рајн Некар беше подобар во првиот дел кога имаше и водство од пет голови, кое Загреб успеа да го ублажи. Во последните пет минути Загреб за првпат и поведе и на крајот стигна до победата од два разлика. Во тимот на РНЛ голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски имаше настап во првиот дел и во последните пет минути од вториот дел.
Загреб со победата се избори за пласман во 1/4 финалето каде ќе игра против ПСЖ.
На вториот натпревар одигран попладнево Флензбург и во реваншот оствари победа од еден гол разлика над Монпеље 31:30.
Во четвртфиналето ќе играат: Вардар - Веспрем, Барселона - Кил, Флензбург - Киелце и Загреб - ПСЖ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп