Кривична пријава за албански државјанин за кражби во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 20-годишниот Н.С. од Прењас, Република Албанија.
СВР Охрид соопшти дека на 20-ти минатиот месец пријавениот со камен го скршил стаклото од влезната врата на една фризерница лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга. Откако пребарал, одзел повеќе апарати за потстрижување и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.000 денари.
На почетокот од февруари, Н.С., како што стои во информацијата, со камен скршил прозор од приземјето на куќа лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга и украл накит.
- Откако влегол во внатрешноста, извршил пребарување во собите по што бесправно одзел поголема количина накит „Сваровски“ во вредност од 30.000 денари. Потоа преку прозорец од спалната соба на западната страна од куќата успеал да се спушти на кровот од гаражата и незабележан избегал, соопшти СВР Охрид.
Кон крајот на јануари годинава Н.С. со насилно отворање на прозорецот, успеал да влезе и во продавница за авто делови на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга од каде одзел пари, филтри за масло, греачи и други предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 7.500 денари.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата