Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
Ако сами не пријавите кај службите дека немате пари за да преживеете, нема друг начин да бидете вметнати во системот за социјална поддршка од државата. Ова е најголемата аномалија во системот, за грижата на државата кон социјално-загрозените семејства. Постојат граѓани кои не се информирани дека државата има обврска да им помогне финансиски, па затоа не ни се појавиле кај службите. Од друга страна, со ваквата поставеност на системот, службите не се обврзани да ги таргетираат маргинализираните семејства.
Кога веќе ќе бидете регистрирани во системот за социјална грижа, состојбите се менуваат. Стручните лица од центрите имаат обврска, минимум еднаш годишно да ги посетат овие семејства, да истражат како живеат, со кои проблеми се соочуваат. Па доколку увидат дека има потреба од дополнителна работа со нив, посетите ќе зачестат.
Конкретното семејство во прилепско Славеј живеело во сиромаштија, а бебињата починале од премрзнатост. Користеле детски и родителски додаток, но не биле пријавени кај службите како социјално загрозени – од каде и вработените во тамошниот центар ја искористија фразата – не се во системот за социјална заштита, немавме дојава дека нешто се случува.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар