Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
Завршена првата фаза од пругата кон Бугарија. Железничката линија Куманово - Бељаковце од денеска е пуштена во употреба. Долга е 31 километар. Први патници во возот беа премиерот и дел од министрите.
Мицкоски вели наскоро железницата ќе пристигне до бугарската граница.
На пругата се изградени три нови железнички станици. На нив и стојалиштата е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 милиони евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.
Вицепремиерот Николоски најави дека наскоро Скопје повторно ќе биде железнички поврзано со Куманово.
Црвената лента беше пресечена во присуство на голем број граѓани од локалното население, македонска, но и странска делегација.
Проектот чини 78 милиони евра. Дел од парите се обезбедени од Европската унија, а во изградбата учествувале и компании од Италија, Словенија, Австрија.
Реагираа од СДСМ.
„90% од изградбата на пругата Куманово-Бељаковце е завршена во периодот на Владата на СДСМ и горди сме што денеска се пушта во употреба. Денешното возење на Мицкоски и половина ДПМНЕ во воз по пругата Куманово-Бељаковце е уште едно признание за се она што СДСМ го направи во изминатите години“.
Вкупната должина на трите делници е околу 90 километри.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар