Македонија
17. January 2025 - 16:42

Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи

Уставните измени се неопходен дел од процесот на евроинтеграција, пратениците да го искористат моментот на наклонетост на Унијата кон приширувањето. Евроамбасадорот Рокас со нов повик за исполнување на условите од преговарачката рамка. Во парламентот денеска се конституираше Националниот совет за евроинтеграции каде прва точка беше ланскиот извештај за напредокот на земјата.

Лидерот на СДСМ Филипче, кој и раководи со Советот, иако не ги спомена уставните измени порача дека сите треба да дадат поддршка и за реформскиот процес и во исполнувањето на условите за отворање на преговорите. Првиот опозицинер најголема забелешка во реформската агенда даде за можните разрешувања во Судскиот совет.

За власта пак, политичкиот конзенсус за ЕУ е неспорен, но јасно е дека има партии што не признаваат дека Македонија е уценета со неприфатливи услови. Со смените во Судскиот совет не се брза, но тие се неопходни, вели Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ

И професорката Рунчева, како претставник од кабиентот на претседателката Силјановска, истакна дека ЕУ мора да го промени начинот на одлучување во делот на проширувањето.

Претениците од помалите етнички заедници пак, побараа подобра имплементација на малцинските права.