Касами доби покана за на суд поради дочекот на Курти без државното знаме
Од Основен суд Тетово испратија покана до локалната самоуправа и бараат претставник на општината да дојде на судско рочиште на 15 септември поради сторен прекршок при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, односно неспроведување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната.
Градоначалникот на Општина Тетово и претседател на Движењето БЕСА, Билал Касами, денеска доби покана за распит во Основниот суд во Тетово, поради настанот од 11 август, денот на приемот на косовскиот премиер Албин Курти во градот.
Причината е интонирањето на албанската химна и веењето на албанските знамиња.
„Уште еден обид за заплашување и молчење, што ме прави да разберам колку се плашат од албанската опозиција. Со овие дела ни ја зголемувате храброста. Повторувам, времето на заплашување и уцена на Албанците е мртво, како што умира и вашиот режим. Тоа го должиме само на граѓаните и на овој народ, бидејќи за вакви режими не се плашевме ниту во комунистичката ера ниту сега. Вашето време истече. Сметајте ги деновите!“, напиша Касами.
Ново на Сител
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата